Неуспехот за ГТЦ- неуспех за опозицијата
Кога СДСМ не успеа да ја оствари својата цел во неговиот бастион, тоа покажува дека стратегијата што ја води партијата нема ефект - аналитичари за неуспешниот референдум за ГТЦ...

СДСМ и Жерновски доживеаа вистински дебакл со референдумот за ГТЦ- се најчестите коментари во јавноста и на социјалните мрежи ден по неуспехот на плебисцитот за ликот на трговскиот. Големиот процет од цели 60 отсто од граѓаните, кои не излегоа да гласаат, се смета за јасна порака за негативната кампања на опозицијата, коментира професорот од Правниот факултет, Владимир Божиновски.
„Последните два месеци некако целата кампања која ја имаат социјалдемократите, можеби ги дигна очекувањата на нивните членови и симпатизери и едноставно сега со овој референдум си направија една контрауслуга, затоа што се покажа дека тоа немало ефект, а особено говориме за една општина која е центар и во која победија на минатите локални избори“, смета професорот Божиновски.
Најсилната порака ја испратија неопределените. Во главното упориште на СДСМ – Центар вчера гласаа еднаков број на гласачи колку и на претходните изборни циклуси, што според аналитичарите, покажува дека објавувањето на прислушкувани разговори не наидува на одобрување и поддршка. Особено што партијата која според анкетите сеуште ужива најголем рејтинг, владеачката, стоеше настрана од референдумот. Не зема никакво учество ниту пак ги повика своите поддржувачи како да гласаат.
„Фактот дека опозицијата има свое најсилно упориште во општина Центар, во која победија на локалните избори, и фактот дека наметнаа референдум за прашање за кое многу граѓани веќе имаат изградено став без разлика на својата партиска припадност, неуспехот на овој референдум е силна и јасна порака, не само на граѓаните на општина Центар, туку од сите, дека нема да дадат поддршка на сценарија и политичка злоупотреба која нема никаква конкретна позитивна цел за самите граѓани“, рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ се огласи преку соопштение во кое велат дека референдумот во Општина Центар недвосмислено испраќа порака дека граѓаните се решени да се спротивстават на погрешните политики на владата. Но, гласовите на референдумот, ја спорат оваа теза- велат аналитичарите.
Тие се речиси идентични со бројот на гласови што опоцицијата ги освои на локланите избори пред две, и на претседателските минатата година. Дека резултатот од референдумот е изненадувачки дури и за опозиционерите и тие самите го сметаат за дебакл покажуваат и ставовите на најгласните критичари на власта.
Тие во своите колмни и статуси на социјалните мрежи се огласија со низа критики кои варираат од оценката дека деца на Фејсбук си играле политика до барање оставка за Жерновски; Силна шлаканица на фрагментиратаната опозиција; Не за погувните сценарија; Граѓаните сакаат работни места, а не нови кризи, се дел од насловите на коментарите и Фејсбук статутите.
Миле А. Ристески
