Македонија – дел од брзиот транспортен коридор
Со стратешка позиција и развој на транспортната мрежа, Македонија е потенцијален логистички центар за побрз транспорт на стоки што ќе ја зголеми конкурентноста на компаниите и економиите. Државава инвестира 750 милиони евра во модернизација и рехабилитација на коридорите 8 и 10...

Од пристаништето во Пиреа преку Македонската железница до Централна Европа. Со стратешка позиција и развој на транспортната мрежа, Македонија е потенцијален логистички центар за побрз транспорт на стоки што ќе ја зголеми конкурентноста на компаниите и економиите. Државава инвестира 750 милиони евра во модернизација и рехабилитација на коридорите 8 и 10, се преговара со Ексим банката да се финансира брзата железница по која возовите ќе сообраќаат со 200 километри на час.
„Кинеската компанија во соработка со македонските железници и железниците во регионот е да се идентификува локација во Македонија која долгорочно би можела да претставува еден логистички центар, а понатаму тоа ќе биде основа и евентуално за формирање некаква посебна зона каде би можело да има и полесно производство“, изјави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.
60% од увозот, пристигнува преку Пиреа и Солун, во државава железницата сега учествува само со 10 проценти, со инвестициите за обнова на инфраструктурата се очекува да да зголеми обемот на работа, да се обезбедат ефикасни и брзи транспортни текови.
„Македонија да стане еден железнички лидер, односно логистички центар имајќи ја стратешката позиција и европската позиција“, нагласи Никола Костов, директор на МЖ Транспорт.
Железничките врски на Македонија со регионот ќе ги решат проблемите на странски и домашните компании, ќе отворат простор за нови инвестиции и работни места. Создавање железнички собирни пунктови и интегрално поврзување на економските центри со Балканските водени пристаништа е барање на бизнис заедницата.
„Идејата и потребата за што подобро и поефикасно интегрално и инфраструктурно поврзување на економските центри од поширокото опкружување со балканските водени пристаништа е се понагласена“, смета Јелисавета Георгиева, потпретседател на Стопанска Комора на РМ.
На пристаништето во Пиреа, кинески КОСКО инвестираше 700 милиони евра, годишно овде минуваат 24 илјади бродови. Подобрувањето на патната инфарструктура во Македонија ќе ги реши бројните проблеми на бизнисот со нефункционалната правна регулатива, разноликоста на патните такси и давачи, царинските бариери што сега го успоруваат транспортниот циклус.
Сузана Фиданска- Стоевска
