Продолжен јавниот повик за субвенционирање на системи за наводнување

28.04.2015 11:17

Јавениот повик за субвенционирање на нови бунари и системи за наводнување на пченка е продолжен до 30 април годинава. Субвенцијата изнесува половина од трошоците...

За инвестирање во наводнувањето земјоделците можат и годинава да побараат субвенции од државата. За системи капка по капка за пченка, сончоглед и фуражни култури се одобрува износ до 920 илјади, а за бунарите- 360 илјади денари.

Се субвенционираат надземни и подземни системи, филтри, пумпи, цевки и електрична опрема, а за бунарите- ископ, шахти, агрегати и генератори.

Парите се добиваат со ко-финансирање до 50 проценти од одобрените трошоци.

Огласот трае до крајот на месецов.

 

Методија Трајков