Ново зголемување на платите во администрацијата од октомври
28.04.2015 14:15
Во тек се напорите и проценките кога да се спроведат и останатите најавени мерки според секторите со кои јавноста е исто така информирана...

Вработените во администрацијата ќе го добијат следното покачување на платата во септември-октомври годинава, потврди денеска ресорниот министер Иво Ивановски.
Одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата по повод измените на Законот за архивски материјал, Ивановски рече дека во тек се напорите и проценките кога да се спроведат и останатите најавени мерки според секторите со кои јавноста е исто така информирана.
