Разговорите меѓу МОН и средношколците се движат во позитивна насока

28.04.2015 14:48

Разговорите се движат во позитивна насока – оценија преставниците на Средношколскиот пленум по средбите со министерот Адеми и заменик министерот Ристовски. Налдежните им ветиле- брањата ќе бидат презентирани. Официјалниот став по владината седница...

Позитивни сигнали по втората средба меѓу Министерството за образование и средношколците. Влева надеж дека е можно да се врати стариот концепт на државна матура, да се укине електронското полагање. Сите предлози на средношколците ќе бидат поставени на владина седница, по што ќе се знае дали се прифатени или не. 

„Очекуваме во најбрз можен рок да постигнеме компромис и со тоа ќе бидат задоволени и двете страни,односно се обидуваме да постигнеме некој резултат што најмногу ќе ги задоволи и двете засегнати страни, особено нас учениците. Спремни сме да го вратиме стариот концепт на државна матура и да направиме суштински промени во однос на екстерното тестирање“, изјави Дејан Трајковски, претставник на средношколците.

Бојкотот на наставата и кампувањето на средношколците спроти Министерството за образование продолжува. Продолжуваат и средбите со надлежните. Иако атмосрефата за преговори е позитивна, сепак не е постигнат никаков договор во однос на екстерното тестирање.

„Оптимисти сме по денешниот состанок, веруваме дека ќе наидеме на разбирање. Вчера ни беше дадено уверување дека и денеска ќе не викнат на средба, го сторија тоа не викнаа, уште еднаш ги изнесовме ставовите, тие излегоа со нивите ставови, очекуваме поволен исход“, изјави Александар Милески, претставник на средношколците.    

Вчерашниот апел од Министерството за образование беше родителите да ги вратат децата на настава, бидејќи нивното место е во училишните клупи.

 

Андријана Атанасовска