СДСМ објави нови прислушувани разговори
Лидерот на СДСМ вели дека поседува 100 илјади разговори и 18.000 СМС пораки, некои од нив веќе се доставени до Јавното обвинителство. Опозицијата на денешната прес- конференција објави сет од 13 телефонски разговори...

СДСМ објави нови документи, кои според нив ја објаснуваат шемата на прислушување. Заев тврди дека покрај полното име и презиме на преслушуваното лице бил испишуван и псевдоним, а некаде и цели транскрипти од разговорите.
Лидерот на СДСМ вели дека поседува 100 илјади разговори и 18.000 СМС пораки, некои од нив веќе се доставени до Јавното обвинителство. Опозицијата на денешната прес- конференција објави и сет од 13 телефонски разговори. Заев обвини дека првите луѓе на полицијата се договарале како да ја ограничат Собраниската комисија за надзор на УБК да не може ненајавено да доаѓа во МВР и да ја контролира работата на тајната полиција.
Катерина Топалова
