Сторија: Четири деца, четири скапоцени дарови

28.04.2015 17:26

„Љубовта е главна алка за среќен живот, а нежниот плач на бебето најубавата музика во срцето на секој родител“. За семејството Карапетровски четирите деца се најскапоцен дар кој ги одржува и во најтешките животни мигови...

Најголем благослов кој дава свежина, радост и енергија – доволно причини неуморно  да се создава приказната насловена живот. Во осумгодишниот брак, Марија и  Владимир станаа горди родители на  четири деца - Љубе, Дамјан, Јована и Магдалена. Велат – тие се нашите најскапоцени дарови.

Додаваат дека љубовта е главна алка за среќен живот, а нежниот плач на бебето најубавата музика во срцето на секој родител.

Карапетровски порачуваат дека децата се и најдобриот лек за душата кој што одржува и во најтешките животни мигови.

 

Ружица Аџикотарева