Тодоров во работна посета на Софија, ќе се унапредува соработката во областа на неонатологијата

29.04.2015 12:29

Тодоров, заедно со тимот доктори од Клиниките за детски болести и за гинекологија и акушерство, ќе има средби со колегите од универзитетската болница „Мајчин дом“ ...

Обука на македонски доктори во Бугарија е целта на посетата на Софија на министерот за здравство, Никола Тодоров. Фокусот на разговорите ќе биде унапредувањето на соработката во областа на неонатологијата.

Тодоров, заедно со тимот доктори од Клиниките за детски болести и за гинекологија и акушерство, ќе има средби со колегите од универзитетската болница „Мајчин дом“ во Софија, најголемиот неонатолошки центар во Бугарија.