Белград: Регионална соработка против тероризмот

29.04.2015 13:20

Зачестената нелегална миграција, во фокусот и на регионалната конференција во Белград, во организација на српската и на американската влада. Министрите за внатрешни работи дебаатираат за активностите што треба да се преземат против регионалниот есктремизам...

Целта на конференцијата на која што покрај министерката Гордана Јанкуловска учествуваа и министрите и преставници на полициите од регионот- е јакнење на регионалната соработка во борбата против глобалниот тероризам. Во фокусот беа движењата на странските терористички борци, правните рамки за борбата против тероризмот, превенција на екстремизмот и значењето од регионалната соработка.

„Состанокот на министерско ниво кој се однесува на борбата против насилниот екстремизам е продолжение на агентата која беше претставена на самитот во Вашингтон, кој се одржа на почетокот од годинава, во функција на подобра координација на земјите и размена на најдобрите искуства и во делот на имплементација, но и во делот на легислативата кога станува збор за бортата проитв насилниот екстремизам. Македонија е добар пример затоа што во нормативниот дел ние ги напавивме сите измени кои значат дополнителна алатка на безбедносните служби за поефикасна борба против заканите од ваков тип“, изјави за МРТ министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

На самитот се разменија и информации за се поголемиот притисок на мигранти од Афро-азијските земји, при што е констатирана потребата за поголема координација на земјите од регионот.

Меѓународната конференција се одржува во организација на српската и американската влада.

 

Оливер Бранковиќ, дописник од Белград за МРТ