Домување: Проблеми со сметките и немањето податоци

29.04.2015 13:49

„Годишно добиваме околу 1.500 поплаки што не е малку, а што воедно покажува дека граѓаните го знаат патот за решавање на проблемот“, изјави претседателот на Регулаторната комисија за домување, Душко Кадиевски...

Главен предизивик во управувањето со станбените згради остануваат проблемите со наплата на сметките, одржувањето на лифтовите и барањата заеднички потрошената струја да се тарифира на секој стан поединечно.

„Годишно добиваме околу 1.500 поплаки што не е малку, а што воедно покажува дека граѓаните го знаат патот за решавање на проблемот“, изјави претседателот на Регулаторната комисија за домување, Душко Кадиевски.

Изминативе години, од донесувањето на Законот за домување, управителите неколкупати иницираат одредени измени и прилагодувања. Меѓу другото бараат дефинирање на надлежностите при евентуални дефекти на лифтовите, како и можност за добивање валидни податоци за адресите на станарите од МВР, УЈП, катастарот.