Караванот „Купи куќа, купи стан“ утре во Прилеп

29.04.2015 14:13

Министерството за финансии заедно со претставници на банките и локални градежни компании ќе одржат презентација на проектот: како да се аплицира за субвенциите, кој може да аплицира и локална понуда на станови и плацеви за куќи...

Утре во Прилеп во рамки на Карванот „Купи куќа, купи стан“, Министерството за финансии заедно со претставници на банките и локални градежни компании ќе одржат презентација на проектот: како да се аплицира за субвенциите, кој може да аплицира и локална понуда на станови и плацеви за куќи.

Настанот ќе се одржи во Општината во 17 часот. Карванот продолжува секоја недела во друг град: Гевгелија, Струмица, Штип, Тетово, Велес и Куманово.