Можностите за инвестирање во Македонија презентирани пред украински компании
На бизнис форумот организиран од Амбасадата на Република Македонија во Украина и компанијата KPMG пред 40-тина компании, поволностите за инвестирање во земјава ги претставија ...

Поволностите и можностите за инвестиање во Република Макеоднија, денеска беа претставени пред украински компании во Киев. На бизнис форумот организиран од Амбасадата на Република Македонија во Украина и компанијата KPMG пред 40-тина компании, поволностите за инвестирање во земјава ги претставија вицепремиерот задолжен за економски прaшања, Владимир Пешевски, министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции, Бил Павлески и амбасадорот на Република Македонија во Украина, Столе Змејкоски.
За време на посетата на Украина, вицепремиерот Пешевски и министерот Павлески поволните услови за инвестирање во Република Македонија ги презентираа на уште два бизнис форуми, организирани во соработка со Стопанската комора на Украина и во соработка со Украинско - Британската комора за трговија. Со тоа вкупниот број на компании пред кои беа презентирани предностите за инвестиции во македонската економија надмина бројка од 100 компании.
Дополнително, вицепремиерот Пешевски и министерот Павлески, одржаа повеќе работни средби со претставници на компании од различни бизнис сектори кои пројавија особен интерес за инвестициските можности во Македонија.
