Ставрески: На стопанствениците им треба политичка стабилност и извесност

29.04.2015 14:39

Добро би било политичката криза што побрзо да заврши со цел стопанството да ги оствари предвидените резултати, смета вицепремиерот Ставрески...

Со оглед на тоа дека се пролонгира кризата, секако дека тоа не е добро за стопанството. Она што им треба на стопанствениците е политичка стабилност и извесност, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, додавајќи дека добро би било политичката криза што побрзо да заврши со цел стопанството да ги оствари предвидените резултати.

„Очекувам дека резултатите на стопанството засега нема да бидат влошени, меѓутоа се зависи од тоа дали брзо ќе се дојде до одговор на политичката криза. Добро би било таа што побрзо да се затвори со цел стопанството да ги оствари предвидените резултати“, нагласи вицепремиерот Ставрески по презентацијата на Стратегијата за внатрешна финансиска контрола 2015- 2017.