Избрани 14 претседатели на основни судови
Изборот, вели претседателот Бранко Ушковски, бил на транспарентен начин согласно утврдени критериуми...

Судскиот совет избра претседатели во 14 Основни судови низ Македонија и 22 судии поротници во Основниот суд Скопје 1. Изборот, вели претседателот Бранко Ушковски, бил на транспарентен начин согласно утврдени критериуми.
Скопска Апелација не доби нов претседател. Ќе се избира во некоја наредна седница, затоа што членовите на Судскиот совет детално ги анализирале кандидатите, не само по критериумите туку и по начинот на соработка со судската администрација, со граѓаните и со колегите судии.
За претседатели, како што соопшти Ушковски, се избирани кандидатите кои покрај другите услови и критериуми во последните две години од страна на Судскиот совет преку АКМИС системот беа оценети со највисока позитивна оцена и во однос на другите кандидати имаат добиено најголем број бодови.
