Незири: Останува одлуката за одложување на либерализацијата на пазарот на електрична енергија

29.04.2015 15:12

Министерот за економија Незири посочи дека Македонија во моментов има најлиберализиран пазар на електрична енергија во регионот...

Останува одлуката за одложување на целосната либерализација на пазарот на електрична енерија, потврди министерот за економија, Беким Незири. Во спротивно, како што вели министерот, ќе се зголемат цените на електричната енергија за домаќинствата.

„Веќе е формиран тим во Министерството за економија и во континуитет правиме анализи какви се ефектите од пролонгирањето и во моментов веруваме дека одлуката што ја донесовме ја поддржуваат и граѓаните“, изјави Незири.

Согласно законот и договорите што се потпишани со Европската енергетската заедница (ЕЗ), прецизира, дека веќе е испратен одговор на писмото од ЕЗ со кое се бара во рок од два месеца да продолжи либерализацијата на пазарот на електрична енергија во земјава.

Незири посочи дека Македонија во моментов има најлиберализиран пазар на електрична енергија во регионот.

Во нашата држава 40 отсто од пазарот на електрична енергија е либерализиран. На Балканот ниту една земја нема либерализирано повеќе од 10 отсто до нејзиниот пазар, дури некаде воопшто не е либерализиран, нагласи Незири.