Околу 1.500 станари се жалат за одржувањето на зградите
Се жалат на високите сметки и на заборавените дефекти. Управителите забележуваат на 30% неплатените сметки и немањето точни податоци за газдите на становите. Регулаторот, вели се снаоѓаат, а граѓаните го знаат законот...

Граѓаните со многубројни забелешки за работењето на 33 друштва што управуваат со колективните станбени згради. Се жалат на високите сметки и на заборавените дефекти. Управителите забележуваат на 30% неплатените сметки и немањето точни податоци за газдите на становите. Регулаторот, вели се снаоѓаат, а граѓаните го знаат законот.
„Имаме повеќе поплаки, некаде околу 1.500 што не е малку. Што значи дека граѓаните го знаат патот за решавање на проблемите. Ние како Регулаторна комисија за домување ги регулираме тие односи и се снаоѓаме“, вели Душко Кадиевски-претседател на Регулаторната комисија за домување.
Основен проблем е одржувањето на комуналната инфраструктура во заедничките простории, вели Кадиевски. Ресорното министерство најавува делумни промени во регулативата, но не е задоволно од ангажманот на општинските инспектори за домување. Ги има премалку или пак работат се и сешто. Проблемот околу лифтовите е во фокусот.
„Повторно зависи од оној подизведувач кој ги одржува лифтовите, кој не го избира зградата туку управителот го носи како свој подизведувач. Можеби регулативата треба на некој начин да му помогне на управителот полесно да се справува со подизведувачите“, изјави Љубиша Јованоски, министерство за транспорт и врски.
Управителите не се согласуваат, тврдат избираат газдите од неколку понудени алтернативи.
„Ние не ги носиме. Тие сигурно се претходно таму затечени, сервисираат или даваат услуги на тековно одржување на лифтовите, така да ние не ги носиме. Ние им предлагаме, доколку тие побараат од нас, решенија од една, две или три компании за да си изберат тие самите“, вели Васе Самараков, претседател на Групацијата за домување со станбен и деловен простор.
Во иднина наместо уплатница управителите ќе доставуваат фактури, но не сакаат да ја плаќаат заедничката струја и потоа да трчаат по станарите. Досега на 10 фирми им била одземена лиценцата да управуваат со колективните станбени згради.
Свето Николовски
