Новите авиолинии во фунција на бизнисот и на туризмот
Патувањето до европските дестинации- хит за македонските граѓани. Со 12 авиопревозници сега од и кон 26 дестинации и Дубаи, од јуни конекција со 33 европски метрополи. Од Скопскиот аеродром со екот на сезоната и директна конекција до Барселова, Осло, Нирнберг, Хамбург, Фридихшафен, од Охридскиот до Базел...

Нискобуџетските компании и евтините авиобилети направија бум на авиобизнисот во Македонија. Патувањето до европските дестинации- хит за македонските граѓани. Со 12 авиопревозници сега од и кон 26 дестинации и Дубаи, од јуни конекција со 33 европски метрополи. Од Скопскиот аеродром со екот на сезоната и директна конекција до Барселова, Осло, Нирнберг, Хамбург, Фридихшафен, од Охридскиот до Базел. Атрактивен и Лондон. Новите авиолиии во фунција и на бизнисот и на туристите.
„Договорот за евтината авиолинија Охрид- Лондон, која ја работиме заедно со Општина Охрид, предвидува компанијата да обезбеди пристигнување на најмалку 25 илјади патници на Охрдискиот аеродром, во периодот до средината на 2018-та, а во летниот период најмалку 2.500 патници, што се разбира ќе има позитивен ефект врз развојот на туризмот“, изјави портпаролот на владата, Александар Ѓорѓиев.
За пет години со менаџирањето на ТАВ за 75 насто е зголемен бројот на патници. Владината политиката на субевнционирање на летови го раздвижи авиосообраќајот, пакетот попусти на авиокомпаниите дополнителен стимул на авиобизнисот.
„Добра вест е што во првите три месеци имаме зголемување од 29,3%, што е за 250- 260 илјади патници, што е пораст за 60 илјади во споредба со истиот период лани“, изјави Зоран Крстевски, генерален директор на ТАВ Македонија.
Менаџментот на ТАВ проектира, охриѓани очекуваат, авиолиниите од и до Базел и Лондон да го зголемат бројот на туристи. Покрај чартерите во екот на сеозната, да се воспостават и поголем број редовни линии да се интензивира авиосоораќајот и на „Свети Апостол Павле“.
Сузана Фиданска Стоевска
