Прилеп- домаќин на карванот „Купи куќа, купи стан“

30.04.2015 08:38

Настанот, на кој присутните ќе може да се информираат како да аплицираат за субвенциите, кој може да аплицира и локална понуда на станови и плацеви за куќите, ќе се одржи во Општината во 17 часот...

Карванот „Купи куќа, купи стан“, денеска ќе биде во Прилеп. Министерството за финансии заедно со претставници на банките и локални градежни компании ќе одржат презентација на проектот.
 
Настанот, на кој присутните ќе може да се информираат како да аплицираат за субвенциите, кој може да аплицира и локална понуда на станови и плацеви за куќите, ќе се одржи во Општината во 17 часот.
 
Карванот продолжува секоја недела во  различен град. Предвидено е да ги посети и Гевгелија, Струмица, Штип, Тетово, Велес и Куманово.