Хојт Ји ги повтори повиците за прислушувањето и за враќањето на опозицијата во Собранието

30.04.2015 11:27

Ји говореше на седница на Комисијата за надворешни работи на американскиот Претставнички дом во средата вечер, заедно со Сузан Фриц, раководител на одделението за Европа и Евроазија на агенцијата УСАИД.

Американскиот заменик помошник  државен секретар, Хојт Ји го повтори повикот до македонските власти да се справат со случајот со прислушувањето, како и повикот до опозициската СДСМ да се врати во Собранието.

Ји говореше на седница на Комисијата за надворешни работи на американскиот Претставнички дом во средата вечер, заедно со Сузан Фриц, раководител на одделението за Европа и Евроазија на агенцијата УСАИД.

„Ги поддржуваме аспирациите на Македонија за членство во НАТО и во Европската Унија. Во последно време со нашите европски партнери со загриженост ја следиме политичката криза во Македонија поврзана со објавувањето на прислушувани материјали од страна на лидерот на опозициската партија. Ја повикуваме Владата да се справи со прислушуваните материјали на начин кој ја покажува посветеноста на евро-атланските принципи. Ја охрабруваме опозицијата, која во моментов го бојкотира Собранието, да се врати во тоа тело и да помогне да се разреши кризата“, нагласи Ји во синоќешното обраќање на седницата на Комисијата за надворешни работи на американскиот претставнички дом.