Раздвижување на пазарот на труд
Се раздвижи домашниот пазар на труд, оценуваат од приватните агенции за посредување при работа. Причината за ова ја лоцираат во странските инвестиции, но и во зголемените активности на домашниот бизнис сектор...

Странските инвеститори и развојот на домашното стопанство го раздвижија пазарот на трудот. Од агенциите за привремени вработувања велат дека речиси 85 проценти од побарувањата на работна сила се од приватните компании. На привремените работници им се овозможува сигурна работа. Регулирани им се стажот и придонесите за пензиско и здравствено осигурување, а законските одредби се применуваат макар и со еден ден работен ангажман вели Раде Ненадиќ од агенцијата Партнер.
Но, има и такви кои во потрага по работа се одлучуваат да заминат на брод или на сезонска работа на Средниот Исток, во Америка, или во европските земји. Агенциите кои посредуваат за привремена работа во странство им нудат договор, сигурно работно место и плата. За разлика од порано сега одливот на работната сила во странство е помал, 90 отсто од оние кои заминуваат на сезонска работа се враќаат во Македонија.
Според последните податоци на Државниот завод за статистика, невработеноста е на најниско ниво од 27,6 проценти.
Сунчица Николоска
