35 милиони евра субвенции за сточарите
04.05.2015 11:03
Сточарите годинава ќе добијат 35 милиони евра субвенции. Најголем дел е за подршка на добиточниот фонд и за продаденото млеко. Пријавивањето е до крајот на мај...

Сточарите со една до 100 крави ќе добијат по 2.800 денари за животно.
За обележаните овци, по 1.000 денари и тоа најмалку за 30, а за сочувано женско јагне по 700 денари.
Во козарството фармерите треба да имаат минимум 10 кози.
За предаденто млеко во регистрирани преработувачки капацитети од октомври до крајот на декември 2014-та се добиваат по 3,5 денари за литар.
Пријавувањето е до 31 мај годинава.
Методија Трајков
