Одбележување 112 години од смртта на Гоце Делчев
04.05.2015 11:08
Во црквата „Св. Спас“ државна делегација, претставници на политичките партии, од Градот Скопје, ќе положат свежи цвеќиња...

Денеска се навршуваат 112 години од смртта на големиот македонски револуционер гоце делчев. Во црквата „Св. Спас“ државна делегација, претставници на политичките партии, од Градот Скопје, ќе положат свежи цвеќиња.
На неговиот гроб ќе се поклонат и претставници од Армијата, од МАНУ, како и од училишта и организации што го носат неговото име.
Во црквата „Св. Спас“ ќе се одржи и панихида, а ќе настапи и мешаниот градски хор „Вардар“. Во Собранието ќе биде доделена наградата „Гоце Делчев“ во областа на науката.
