Нема повредени во експлозијата пред седиштето на ДУИ
04.05.2015 12:13
Се претпоставува дека станува збор за бомба „кашикара“. Информацијата за инцидентот, за МРТ ја потврдија од Секторот за внатрешни работи во Тетово...

Синоќа околу 22 часот засега непознати сторители фрлиле експлозивна направа во непосредна близина на седиштето на Демократската унија за интеграции во Мала Речица.
Се претпоставува дека станува збор за бомба „кашикара“. Информацијата за инцидентот, за МРТ ја потврдија од Секторот за внатрешни работи во Тетово.
Оттаму соопштија дека нема повредени ниту материјална штета, освен мал кратер на улицата, предизвикан од детонацијата.
Извршен е увид од јавен обвинител и екипа на СВР-Тетово.
