Врачени наградите „Гоце Делчев“

04.05.2015 15:16

Во Собранието е доделена наградата „Гоце Делчев“ во областа на науката...

Денеска се навршуваат 112 години од смртта на големиот македонски револуционер Гоце Делчев. Во Собранието е доделена наградата „Гоце Делчев“ во областа на науката.

Наградата им беше врачена на авторите на трудовите „Толковен речник на македонскиот јазик“ на тимот д-р Елизабета Бандиловска-Ралповска, д-р Олгица Додевска-Михајловска, д-р Снежана Велковска, д-р Снежана Веновска-Антевска, д-р Елка Јачева-Улчар, д-р Виолета Николовска, д-р Фани Стефановска-Ристеска, м-р Катица Топлиска-Евроска и д-р Живко Цветановски, на проф. д-р Билјана Јолевска-Тунеска за трудот „Резултати за композија и неутрикс композиција“ и на проф. д-р Аслан Хамити за трудот „Говорот на Албанците од Скопска Црна Гора“.