Жолта фаза: Температури до 34 степени утре и задутре

04.05.2015 16:38

Се советуваат граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од повисоки температури, посебно внимателни треба да бидат старите и хронично болните лица, кои треба редовно да јз земаат препишаната терапија...

Топол бран со температури до 34 степени целзиусови степени утре и задутре ќе ја зафати територијата на Македонија. Министерството за здравство издаде предупредување за жолта фаза, се советуваат граѓаните  да ги почитуваат општите препораки за заштита од повисоки температури, посебно внимателни треба да бидат старите и хронично болните лица, кои треба редовно да јз земаат препишаната терапија.

И поради високите темеператури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, потребно е темелно миење на овошјето и зеленчукот пред нивната употреба, добра термичка подготовка на храната, задолжително чување храна во фрижидер како и избегнување консумација на лесно расипливи производи.