Чилиманов: СДСМ обвинува без аргументи
Извештаите за слободата во медиумите во Македонија доаѓаат најчесто од една адреса и се базираат на субјективно мислење на неколкумина новинари. Вака дел од аналитичарите го коментираат последното рангирање на земјава. Премиерот Груевски вчера оцени дека проблемот со слободата и демократијата е како ја разбира СДСМ...

Аргументацијата на опозицијата дека нема слобода и демократија во Македонија е предимензионирана и провидна , смета новинарот Цветин Чилиманов. Вели дека изминатите месеци имаше напади врз новинари што се случија откако зовреа политичките страсти, пред објавувањето на аудио материјалите. Според него извештаите за слободата во медиумите доаѓаат најчесто од една адреса.
„Извештаите за слобода на медиуми врз кој се темелат тврдењата дека слободата во Македонија еродира се изработени најчесто од една и се базира на субјективно мислење на неколкумина новинари. Тоа се обично луѓе кои заработуваат“, смета новинарот Цветин Чилиманов.
Слобода и демократија има во Македонија и тоа многу повеќе од некои земји. Проблемот е кај СДСМ како ја разбира, рече лидерот на ВМРО – ДПМНЕ на кумановскиот конгрес. Со своето делување опозицијата се демантира вели Груевски. Тој наброи примери во невладиниот сектор, медиуми и портали каде што опозицијата трошела 10-тици милиони евра годишно најчесто за пропаганда и оцрнување на власта. Филозофијата на СДСМ е, смета Груевски, кога тие се на власт има, а кога не се, нема демократија и слобода.
„Во Македонија има и слобода и демократија, во Македонија има Влада и владејачка партија која е подготвена со секого да дискутира за слабостите во владеењето и изразуваме јавно и недвосмислено став дека сакаме да ги поправиме нашите грешки со цел да го подобриме системот и демократското општество и амбиент, но ова што го прави СДСМ нема никаква врска со слобода и демократија, апсолутно никаква. Тоа е злоупотреба и монополизирање на термини и кампања со само една цел – нивна политичка, доаѓање на власт по секоја цена“, изјави Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер.
Анализирајќи го случајот „Пуч“, и презентираните докази на опозицијата,Чилиманов вели дека СДСМ оставил сомнеж дека партијата не сака правна разрешница.
„Веќе никој воопшто не ги зема за серизоно тврдењата од пред три месеци на Заев, а штом ќе се каже правна разрешница, веднаш опозициски новинари, коментатори, знаат дека тоа значи судски процес во кој ќе се разоткрие по се изгледа една паралелна структура за прислушкување која што работела во полза на опозицијата“, вели Чилиманов.
За разлика од СДСМ,владеачката партија повикува на темелна истрага. Груевски е убеден во доказите и со цврст став за правна разрешница.
„Правната и политичката разрешница ќе се случи. Нашиот став е да има истрага и за нивните прекршувања на законите, но и за она за што нас не обвинуваат. Нам ние потребана таква независна и траспарентна истраг, и ќе направиме се што е во наша моќ за истата да биде биде темелна и транспарентна. Без таква истрага сите ќе останеме осомничени во очите на барем дел од народот“, додаде Груевски.
Ако во неа се покаже и докаже дека некој нешто погрешил, нека одговара пред законот и институциите, додава Груевски, во спротивно засекогаш треба да се тргнат обвинувањата од Заев кој секојдневно ги фрлал врз нив.
Наташа Гркова- Петрушевска
