Реџепи: За упадот во ИВЗ, државните институции да постапат согласно законите
05.05.2015 11:34
Ги повика луѓето кои упаднаа во ИВЗ да го напуштат објектот. Доколку не го сторат тоа државните институции ќе постапат согласно законите...

По упадот на скопскиот муфтија во зградата на Исламската верска заедница се огласи реисот Реџепи. Ги повика луѓето кои упаднаа во ИВЗ да го напуштат објектот. Доколку не го сторат тоа државните институции ќе постапат согласно законите.
„Кој ги иницирал, зошто ги организирал, што тие луѓе бараат, кога се знае дека главниот организатор, архитектот е секретарот на ИВЗ кој често пати ги обавуваше моите права и обврски. Јас бев добронамерен и никогаш не ми паѓаше на памет дека тој ќе биде уривач“, изјави Реџепи.
Тој ги повика верниците да не подлегнуваат на провокации.
