Мај, месец на велосипедисти

РСБСП со кампања за поголема безбедност на велосипедистите во сообраќајот

05.05.2015 12:13

Како што соопштуваат од РСБСП, во рамките на акцијата подготвени се сообраќајно едукативни материјали со практични совети за велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот, кои во текот на месец Мај ќе им бидат делени на сите учесници во сообраќајот, посебно на велосипедистите...

Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја започнува акцијата за поголема безбедност на велосипедистите во сообраќајот, во склоп на кампањата за поголема безбедност на ранливите групи учесници во сообраќајот на патиштата, „Мај, месец на велосипедисти“.

Како што соопштуваат од РСБСП, во рамките на акцијата подготвени се сообраќајно едукативни материјали со практични совети за велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот, кои во текот на месец Мај ќе им бидат делени на сите учесници во сообраќајот, посебно на велосипедистите.

Целта на кампањата е да се намали бројот на жртви во сообраќајни несреќи - велосипедисти, и да се подигне сообраќајна култура и етика кај сите учесници во сообраќајот.

Во акцијата ќе бидат вклучени  повеќе надлежни институции и организации, голем број невладини организации, како и сите електронски и печатени медиуми.

Велосипедизмот претставува економски, енергетски и еколошки најодржлива форма на сообраќај којашто  има силно и позитивно влијание врз здравјето на луѓето.