Ограбени црква и манастир во Битолско
05.05.2015 12:45
Кражбата е извршена на тој начин што крадецот го пресекол катанецот од влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел метални пари во вредност од околу 2.000 денари, а потоа го напуштил лице местото...

Во текот на вчерашниот ден извршени се кражби во црквата „Св.Богородица“, во битолското село Кравари и во манастирот „Св.Христофор“, во атарот на битолското село Крстоар, соопшти МВР.
Вчера во 11,30 часот во Полициската станица-Битола, било пријавено дека ноќта на 03/04.05.2015 година во битолското село Кравари, поточно во црквата „Св.Богородица“, непознат сторител извршил тешка кражба.
Кражбата е извршена на тој начин што крадецот го пресекол катанецот од влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел метални пари во вредност од околу 2.000 денари, а потоа го напуштил лице местото.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
На 04.05.2015 година во 15,30 часот во Полициската станица во Битола, било пријавено дека во текот на ноќта 03/04.05.2015 година во атар на битолското село Крстоар, поточно во манастирот „Св.Христофор“ непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што откорнал метално парче лим поставено на прозорецот и со протнување на раката го отворил истиот, влегол внатре и по извршено пребарување одзел метални пари во вредност околу 300 денари, ланец со крст, привезок крст и магнетна белегзија, со што причинил материјална штета од околу 1.000 денари, а потоа го напуштил лице местото.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
