Тревога поради диететскиот производ 2,4 динитрофенол

05.05.2015 13:42

Интерпол алармира поради фактот дека од за диететскиот производ 2,4 динитрофенол починала една жена во Велика Британија, а еден француски државјанин се бори за живот од последиците од овој препарат...

Интерпол на својата веб-страница објави светска тревога поради диететскиот препарат што се користи и за зголемување на мускулната маса, а се вика „2,4 динитрофенол“  што го има и во Македонија.

Интерпол алармира поради фактот дека од за диететскиот производ 2,4 динитрофенол починала една жена во Велика Британија, а еден француски државјанин се бори за живот од последиците од овој препарат.

Диететскиот производ се продава во облик на капсули или жолт прав. Опасноста е поврзана со неговото илегално производство во домашни лаборатории. Тревогата од претпоследната, портокалова фаза е објавена во 190 земји, меѓу кои и во Македонија.

 

Соња Стојановска