30 компании заинтересирани за Џумајлија
05.05.2015 13:52
По изборот на најдобарата, ќе биде распишан и огласот за издавање под закуп на ова земјиште, рече Цветков...

Околу 30 фирми се пријавиле на огласот за пројавување интерес за закуп на земјоделското земјиште во „Џумајлија“, соопшти денеска ресорниот министер Михаил Цветков.
Во тек е разгледувањето на понудите. По изборот на најдобарата, ќе биде распишан и огласот за издавање под закуп на ова земјиште, рече Цветков.
Министерството за земјоделство во март годинава го објави повикот за интерес за закуп за земјиштетo.
