ЕК: Македонија со најголем економски раст во Европа
Според еврокомесарот за економија Пјер Московиси, Македонија годинава може да очекува раст на БДП-то од 3,8 проценти и 3,9 проценти догодина...

Македонија ќе има најголем економски раст во европа оваа и наредната година – ова е пролетната прогноза на Европската комисија. Според еврокомесарот за економија Пјер Московиси, Македонија годинава може да очекува раст на БДП-то од 3,8 проценти и 3,9 проценти догодина.
Буџетскиот дефицит ќе се намали од минус 4,2, на минус 3,8 проценти, но ќе продолжи да расте јавниот долг и годинава ќе достигне 29,1 насто.
За споредба, економијата на Унијата ја очекува раст од 1,8 проценти, односно 2,1 насто в година. Најголем раст ќе имаат Ирска и Малта, по 3,6 проценти, Луксембург од 3,4, Полска од 3,3 насто.
Сите земји членки годинава ќе излезат од рецесија, освен Кипар со негативна прогноза на БДП-то од 0,5 проценти. Најмал раст ќе имаат Финска, Хрватска, Грција и Италија.
