IN MEMORIAM: Љубомир Демирев – Демо
05.05.2015 13:30
Целиот свој работен век го помина во Македонската радиотелевизија како новинар и уредник во инфромативната програма...

На 67 годишна возраст денеска почина Љубомир Демирев – Демо, еден од дојаените на македонското новинарство. Целиот свој работен век го помина во Македонската радиотелевизија како новинар и уредник во инфромативната програма.
Демирев ќе остане запаметен во македонската јавност како известувач од низа настани поврзани со процесите на македонската независнот. Беше автор на повеќе документарни филмови.
Посмртните останки ке бидат изложени во капелата во 11 часот, а погребот ќе биде извршен во 12 часот, на градските гробишта во Бутел.
