Поднесено обвинение за убиството во Кавадарци

05.05.2015 15:29

За ова кривично дело предвидена е казна од најмалку десет години затвор до доживотна робија...

За трикратното убиство во Кавадарци, велешкото обвинителство поднесе обвинение против Тони Станоев. Истрагата покажала дека на 9 ноември минатата година обвинетиот ги застрелал мајката, сестрата и таткото на неговата сопруга во нивниот дом.

Тој беше уапсен два дена подоцна од кога е и во притвор. За ова кривично дело предвидена е казна од најмалку десет години затвор до доживотна робија. На полицијата и е познат од порано. Бил пријавуван за семејно насилство.