Продолжува проектот за бесплатна рекреација на пензионерите

05.05.2015 15:52

И годинава продолжува проектот за бесплатна рекреација на пензионерите во македонските минерални бањи. Предност имаат лицата со пониски пензиски примања. До крајот на годинава оваа можност ќе ја искористат 33 илјади пензионери. Во Негорската бања денеска со нив ручаше и министерот Спасов...

Стотина пензионери користат седумдневен бесплатен бањско- климатски рекреативен ангажман во Негорски бањи. Велат дека уживаат во природата, услугата, но и топлите води на овој капацитет.

Општо земено е добро, храна, сместувањето, негата, се е одлично... Убаво, се е убаво, природа, бања, прекрасно, прекрасно... Чисто е и убаво, велат анкетираните пензионери.

Годинава 5.500 пензионери ќе бидат дел од овој проект за што од Буџетот се одвоени 33 милиони денари. Корисниците добиваат бесплатен превоз превоз, шест полни пансиони и медицинска грижа и бањски третман.

Приоритет во користењето имаат корисниците на пензија со пониска пензија, корисниците на инвалидски пензии со над 80% инвалидност, како и пензионери кои работеле во рудници или подземен ископ“, изјави Диме Спасовминистер за труд и социјална политика.

Од Здруженијата на пензионери велат дека ваквите програми им помагаат на луѓето во третото доба мирно да ги поминуваат пензионерските денови.

Првпат доаѓаат во контакт со вакви убавини, како што се во Негорски бањи, Цар самоил, Дебарски бањи и Катланово“, вели Драги Аргировски, претседател на Здружението на пензионери на Македонија.

Локалната власт  велат дека проектите помагаат и за развој на туризмот. Планираат да се фокусираат на овој аспект.

Ние ќе се потрудиме да овозможиме уште локации и урбанистики планови да се приошируваат постојните капацитети, но и да се градат новирече Иван Франгов градоначалник на Гевгелија.

Според Здружението на пензионери, од почетокот на проектот до крајот на годинава бројката на корисници ќе изнесува над 33 илјади.

 

Катерина Давчева