„Астмата може да се контролира“- одбележан светскиот ден за борба против епидемијата на 21 век
Повеќе од 100 илјади граѓани во земјава се жедни за воздух поради астмата. Се почесто на удар се деца помлади од 18 години...

Седум годишниот Никола не стравува од астмата. Таа не му предизвикува проблеми во неговиот омилен спорт, пливањето. И денеска истрча 500 метри на кејот на Вардар.
„Веќе две години спортувам пливање“, вели малиот Никола.
Многу асматичари со години живеат со оваа болест.
„Се што е контролирано и под терапија може сите нормални активности да ги извршува. Да оди на работа, можеш да пливаш, да трчаш, да планинариш, да возиш велосипед.“
„Сите работи си ги вршиме најнормално нема плашење. Некогаш те гуши, инекција и ќе помине“, велат лица кои боледуваат од астма.
Повеќе од 100 илјади граѓани во земјава се жедни за воздух поради астмата. Се почесто на удар се деца помлади од 18 години. Лекарите велат доколку се придржуваат на нивните совети можат да ја контролираат болеста.
„Атмата е болест за целиот живот и многу е битно овие болни да имаат квалитетен живот, а денес за среќа нашите болни го имаат тоа бидејќи на располагање имаме одлична терапија за одржување на нивната болест“, изјави д-р Бисерка Ќаева, директор на Клиниката за пулмологија и алергологија.
Оваа хронична болест во последниве години го носи ептитетот епидемија на 21 век. Во светот има повеќе од 300 милиони астматичари. Проценките се дека за 10 години овој број ќе се зголеми за уште 100 илјади.
Андријана Атанасовска
