Штетниот диететски препарат не се продава легално во Македонија
Препаратот Health and Beauty Turmeric capsules Extra Strenght не се продава легално во Македонија, соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство...

Штетниот диететски производ Health and Beauty Turmeric capsules Extra Strenght кој содржи 2,4 динитрофенол (DNP) не се продава легално во Македонија- соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Ниту е одобрен, ниту регистриран препрататот што се користи за намалување на телесната тежина и за мускулната маса. Агенцијата спровела контрола откако Интерпол објави тревога во 190 земји вклучувајќи ја и Македонија.
Овој жолт прав кој бојата ја добива од куркумата , најчесто е во форма на капсули и се продава он-лајн преку интернет. Кај нас легално се продава препаратот TURMERIC од 500 милиграми и во својот состав не ја содржи спорната супстанца 2,4 динитрофенол.
Агенцијата апелира граѓаните да купуваат само одобрени и легално увезени диететски препарати.
