Нормализирана состојбата пред Владата по синоќешниот протест

06.05.2015 11:22

Има и повредени и приведени демонстранти. Полицијата реагираше откако врз неа беа фрлани шишиња, камења и метални прачки по што демонстрантите беа потиснати кон соборниот храм „Св. Климент Охридски“, кон булеварот „Илинденска“ и кон мостот „Гоце Делчев“...

Протестите пред владата кои почнаа вчера попладне завршија насилно во доцните вечерни часови. Повредени се 20-ина полицајци кои се хоспитализирани во градската болница „Свети Наум Охридски“ и во Клиничкиот центар.

Има и повредени и приведени демонстранти. Полицијата реагираше откако врз неа беа фрлани шишиња, камења и метални прачки по што демонстрантите беа потиснати кон соборниот храм „Св. Климент Охридски“, кон булеварот „Илинденска“ и кон мостот „Гоце Делчев“.

Уништена е фасадата на зградата на Владата на Р. Македонија, како и возила на министерството за внатрешни работи. Меѓу демонстрантите можеа да се забележат членови на таканаречениот Новинарски пленум, од опозицијата, како и сопственици на интернет страници преку чиишто социјални мрежи беше и организиран протестот пред македонската влада.

Синоќа повредените полицајци ги посетија министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и директорот на Бирото за јавна безбедност во МВР, Митко Чавков, кои на самото место се интересираа за здравствената состојба на повредените полицајци.