Министерот Попоски на конференција во Брисел
06.05.2015 09:56
Конференцијата се одржува во рамки на Денот на регионалната соработка. Регионалната соработка е од особена важност за внатрешното функционирање на ЕУ, но и клучен аспект во процесот на проширување...

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Брисел ќе учествува на конференцијата „Проширување, економски раст и управување” што ја организира Советот за регионална соработка (СРС), Канцеларијата на Баден-Виртемберг на ЕУ и Европскиот Фонд за Балканот.
Конференцијата се одржува во рамки на Денот на регионалната соработка. Регионалната соработка е од особена важност за внатрешното функционирање на ЕУ, но и клучен аспект во процесот на проширување. За време на конференцијата ќе бидат разгледани предизвиците и достигнувањата на тој план, а ќе биде промовиран и Балканскиот барометар, алатка за следење на „Стратегијата ЈИЕ 2020“ на СРС и реформскиот процес во целина.
Попоски ќе има обраќање на панелот „Проширување, економски раст и управување” на кој ќе ја потенцира потребата за унапредување на регионалната соработка и интегрирањето на сите земји од регионот во евро-атлантските структури.
На конференцијата е најавено учество и на Комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан и поголем број министри и други високи претставници. Се очекува фокусот на дискусиите да биде ставен на регионалната соработка, реформите во областа на економско управување, владеењето на правото и јавната администрација, како и други регионални иницијативи, меѓу кои од особена важност е Берлинскиот процес.
