ИВЗ: 20 скопски имами со поддршка за реисот Реџепи

06.05.2015 13:08

Според нив, потегот на скопскиот муфтија чии поддржувачи упаднаа во ИВЗ е незаконски и неуставен...

Дваесетина скопски имами предводени од имамот од Кондово, Невзат Амети претпладнево  излегоа со поддршка на реисот Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи.

Според нив, потегот на скопскиот муфтија чии поддржувачи упаднаа во ИВЗ е незаконски и неуставен. Амети посочи дека тие нема да дозволат раскол меѓу верниците, ниту дејствија кои се косат со одлуките на ријасетот на ИВЗ.

Претходно разрешениот скопски муфтија Шабани побара оставка од реисот и формирање комисија која ќе донесе правилник за избор на реисот по што би следувал избор на нов реис на Исламската верска заедница.

 

Фиљана Кока