Караванот „Купи куќа, купи стан“ утре во Гевгелија
Министерството за финансии заедно со претставници на банките и локални градежни компании ќе одржат презентација на проектот: како да се аплицира за субвенциите, кој може да аплицира и локална понуда на станови и плацеви за куќи...

Утре во Гевгелија во рамки на Карванот „Купи куќа, купи стан“ Министерството за финансии заедно со претставници на банките и локални градежни компании ќе одржат презентација на проектот: како да се аплицира за субвенциите, кој може да аплицира и локална понуда на станови и плацеви за куќи.
Настанот ќе се одржи во Театарот во Гевгелија (мала сала) во 17 часот. Министерството за финансии ги повикувае сите заинтересирани граѓани за проектот да дојдат на презентацијата.
Карванот „Купи куќа, купи стан“ продолжува секоја следна недела во друг град: Штип, Струмица, Тетово, Велес и Куманово.
