Македонскиот полициски синдикат најостро ги осуди вчерашните инциденти
Полицискиот синдикат смета дека во организацијата на протестите се ангажирани криминалци и насилници, познати на полицијата. Синдикатот дава поддршка за повредените колеги, и најостро ги осудува инцидентите...

Полицијата на вчерашниот протест со ништо не придонесе да биде брутално нападната – реагира Македонскиот полициски синдикат. Најостро ги осуди насилните настани пред владата во кои беа повредени над 30 полициски службеници.
„Апелиараме до структурите кои ги организираат овие немили настани, сериозно да размислат при реализацијата и спроведувањето на истите, особено поради фактот што притоа се ангажирани лица кои се добро познати и регистрирани во полицијата како насилни и криминални структури“, изјави претседателот на синдикатот, Тихомир Климовски.
Не видов насилно постапување од страна на моите колеги, вели Климовски. Тврди- полицијата постапувала исклучително професионално.
„Многу јасно беше вчера дека полицијата настапи со една крајна толерантност, која се одрази врз нејзиниот телесен интегритет“, нагласи Климовски.
Постоеја услови да се реагира, но полицијата во ниту еден момент не употреби сила- вели првиот полициски синдикалец. За разлика од кај нас во другите европски држави при вакви насилни протести полицијата многу поостро постапува со насилните демонстранти- тврди Климовски.
Миле А. Ристески
