Изаири: Ќе формираме став за работата на Југохром

06.05.2015 15:35

Се очекува да се одржи седница на Владата по ова прашање и да се завземе став за понатаму. Фабриката треба да изгради филтер станици за прочистување на издувните гасови од производството...

Фабриката за производство на феролегури Југохром од Јегуновце, не постапила по заклучоците на Владата дадени пред шест месеци. Претставниците на оваа компанија според министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири во дадениот рок не напарвиле видни чекори за имплементација на оперативниот план.

Се очекува да се одржи седница на Владата по ова прашање и да се завземе став за понатаму. Фабриката треба да изгради филтер станици за прочистување на издувните гасови од производството.

Во моментот фабриката не работи. Вработените се на две неделен колективен одмор.