Груевски: Протестите подготвувани од СДСМ
06.05.2015 17:10
Реакцијата на МВР за расветлувањето на убиството на Мартин Нешковски била во насока што побрзо да се најде сторителот и да се изведе пред лицето на правдата...

Премиерот Никола Груевски попладнево изјави дека реакцијата на МВР за расветлувањето на убиството на Мартин Нешковски била во насока што побрзо да се најде сторителот и да се изведе пред лицето на правдата.
За протестите рече дека се претходно подготвувани од страна на СДСМ.
На протестот, вели премиерот имало луѓе кои мирно протестирале, но, и луѓе кои насилно демонстрирале, што според Груевски имало за цел да се создаде тензија во обид насилно да се преземе власта.
