Хан: Состојбата во Македонија е загрижувачка
Хан смета дека сите страни треба да преземат одговорни обврски и итни чекори кон одржливо решение, да го обноват политичкиот дијалог и довербата во институциите...

Ситуацијата во Македонија создава главоболки во Европската унија – оценува комесарот Јоханес Хан. Повторни дека Брисел очекува правна и политичка разрешница на случајот „Пуч“, со формирање анкетна комисија во Собранието, каде власта и опозицијата ќе ги решаваат отворените прашања. Отутка е важно да се врати опозицијата во Парламентот.
„Генерално можам да кажам дека ситуацијата во Македонија е многу сериозна и создава многу главоболки за нас оти не е повеќе прифатливо да имаме ситуација во која опозицијата не е во Парламентот, а постои и ова прислушување кое треба да биде расчистено и мислам дека е потребно да се има длабока истрага. Замолуваме да има политичко третирање на ова прашање во парламентот со креирање на комитет за истрага, но исто така да има и понатамошна истрага за криминалниот случај за ова прашање. Мислам дека ова се предуслови за земјата на нејзиниот пат кон ЕУ“, изјави еврокомесарот Хан.
Хан смета дека сите страни треба да преземат одговорни обврски и итни чекори кон одржливо решение, да го обноват политичкиот дијалог и довербата во институциите.
„Потребно е обвинувањата да се истража од релевантните власти, како оние за погрешни работи што се објавени јавно. Принципот за независност и пресумпција на невиност, слободата на медиумите и основните права да се воспостават. Сите политички партии да направат напори да избегнат политички и меѓуетнички тензии. ЕК одблиску ја следи ситуацијата, а и им помагаме на европратениците кои ги олеснуваат разговорите меѓу главната владина и опозициска партија и бараме да се решат забелешките во ланскиот прогрес извештај“, изјави Хан за МТВ.
