Реакција на МРТ на изјавата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов

06.05.2015 19:35

Очекуваме лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој својата политичка агенда ја темели на зборовите слобода и демократија и ветува слободни и професионални медиуми да ги осуди партиски мотивираните навреди...

Повикот на партискиот портпарол на СДСМ, Петре Шилегов до уредникот на Информативната програма Горан Петрески го сметаме за притисок врз работата на Јавниот сервис и обид за директно мешање во уредувачката политика. МТВ ги штити националните и интересите на граѓаните, а не насилниците како што вели Шилегов.

Очекуваме лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој својата политичка агенда ја темели на зборовите слобода и демократија и ветува слободни и професионални медиуми да ги осуди партиски мотивираните навреди, напади и закани врз новинарите и уредниците во Јавниот сервис кои се случуваат во изминатиот период и да спречи тие да се повторуваат во иднина.

 

Уреднички колегум МТВ