Наскоро оглас за закуп на државно земjиште

07.05.2015 11:33

Во текот на овој месец ќе се објави оглас за закуп на државно земјоделско земјиште. Понудените површините ќе бидат до 3 хектари...

Земјоделското земјиште ќе биде од сите региони. Критериумите ќе бидат поволни за помалите земјоделци и локалното население.

Можат да се јават сите заинтересирани индивидуални земјоделци и правни лица кои се занимаваат со оваа дејност.

Земјоделците ќе треба да достават и програма наместо бизнис план.

Отворањето на понудите ќе биде јавно,а право на закуп ќе имаат најдобрите понудувачи.

 

Методија Трајков