Расте интересот на инвеститорите за велешките зони
Расте заинтересираноста на компаниите за парцели во велешките зони. Освен нови инвестиции, интересни се и старите напуштени објекти. Најголема е зоната Мамутчево која наскоро ќе го добие и првиот инвеститор...

Иако сеуште целосно неоформена, индустриската зона „Мамутчево“ почна да се полни. Првиот инвеститор и официјално доставил писмо со намери до локалната самоуправа. Ова за експертите е потврда дека сликата во Велес се менува, општината го враќа стариот примат „индустриски град“.
„Сакам да кажам дека веќе пристигна првото писмо со намери на заинтересиран инвеститор во Мамутчево“, изјави Славчо Чадиев, градоначалник на општина Велес
Како шестта индустриска зона, Мамутчево ќе биде најголема. Се простира на површина од 68 херктари. Во моментов се работи на подготовка на техничка документација и инфраструктурно уредување.
„Индустриската зона Мамутчево е лоцирана на регионалниот пат Велес- Штип. Економски бенефит може да имаат оптините Велес, Лозово и Свети Николе.Зафака повеќе катастарески перцели и с епротега на 68 хектари.За реализација на пвој проект се издвоени средства во висина од 1.865.802,00 денари“, рече Чадиев.
Засега во велешките индустриски зони градат домашни инвеститори, но и германската Маркарт. Очекувањата се наскоро со градба да започне и германската ЈАПОНЕ, а со нетрпение се очекува и обелоденување на името на инвеститорот кој својата инвестиција ќе ја започне во погоните на некогашна Порцеланка.
Дијана Иванова
