Почнува меѓународниот саем за туризам – „Скопје травел маркет 2015“

07.05.2015 12:00

Туризмот е еден од приоритетните економски сектори...

Почнува 5-от по ред Меѓународен саем за туризам – „Скопје травел маркет 2015“. На манифестацијата ќе се претстават бројни туристички агенции, хотели и тур-оператори од македонија и од странство.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ќе се претстави на простор од 65 квадратни метри и ќе го презентира македонскиот туристички потенцијал.

Туризмот е еден од приоритетните економски сектори, вели директорот Џамбазовски. Според статистиката, во првите 2 месеца од годинава, има раст од 25 проценти на странски посетители.