Синоќешните протести- без посериозни инциденти
На синоќешните протести, за разлика од вторникот, немаше посериозни инциденти. По завршувањето на протестот од неколку лица кон полицијата и собранието беа фрлани јајца и шишиња на што реагирале оние кои мирно протестираа. Дел од медиумите јавија дека била нападната екипа на Сител...

Група демонстранти и вчера протестираше во Скопје. За разлика од вторникот, протестите минаа во мирна атмосфера, а од Владата се префрлија пред Законодавниот дом. Присутните демонстранти рекоа дека се протестира против полициската бруталност, за повеќе правда, слобода и демократија.
Иако најавен како граѓански, на протестот присуствуваше речиси комплетното раководство на СДСМ. Братот на Мартин Нешковски од протестот побара одговорност од Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.
Додека траеше протестот сообраќајот пред Собранието беше во прекин. Имаше засилено полициско обезбедување. Сепак, на крајот регистирани неколку поситни инциденти.
Кон Собраниската зграда биле фрлени јајца и по некоја лименка и шишиња, а дел од медиумите јавија и дека била нападната екипа на Сител телевизија.
Игор Панов
